[ВИДЕО] Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани

Макфакс

03/10/2024

16:16

245

Големина на фонт

а а а

Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.

Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг