Студенти објавија шокантно видео: Ова не е дистописка иднина, ова е сегашност и е прилично страшна

Точка

03/10/2024

13:05

7.532

Големина на фонт

а а а

Ако тоа е можно со достапната технологија, што друго можеме да очекуваме за пет до десет години?

Иако сè уште сме далеку од моментот кога ќе ги замениме паметните телефони со некој друг уред, технолошките компании со години развиваат геџети кои ќе ги користиме исто толку интензивно како што користиме мобилни телефони за десет години или можеби и порано. Таков уред на иднината би можеле да бидат – паметните очила. Како би можеле да изгледаат, можеме да видиме на примерот на "Orion" на "Meta", кој компанијата неодамна го претстави и кој нема да се појави на пазарот, а слични планови има и "Apple", а Тим Кук е убеден дека очилата преполни со технологија и со поддршка за проширената реалност навистина би можеле да бидат геџет на иднината, уред кој ќе го замени "iPhone" и воопшто паметните телефони.

И ако ова е навистина иднината, АнхФу Нгуен и Кејн Ардафијо, двајца студенти од Харвард, ни покажаа зошто навистина треба да бидеме загрижени за тоа што ни го носи.

Тие направија експеримент користејќи уреди и технологија кои се веќе достапни – “Ray-Ban Meta“ очила (кои имаат камера), технологија за препознавање лица и достапни јавни бази на податоци. Благодарение на технологијата, без знаење на луѓето, успеале да добијат многу информации за нив. На пример на метрото ќе застанат луѓе што никогаш не ги виделе и ќе им ги знаат имињата, адресите, каде се вработени, што прават и слично. Исто така, на Харвард ги запирале студентите и ги споредиле нивните податоци со нивните реални податоци и се покажало дека се исклучително точни. На телефонот би биле прикажани нивното име, телефонски број, адреса, имиња на роднини и слично.

Од една страна, овој експеримент ни покажува колку технологијата напреднала, но другата страна на паричката е прилично страшна бидејќи потполни странци кои никогаш не сме ги сретнале би можеле да знаат сè за нас кога ќе не сретнат за прв пат. Не само име и презиме, туку и каде живееме, што работиме и слично, а доколку сте многу активни на социјалните мрежи и вашите објави се јавни, тие би можеле да дознаат речиси сè за вас и вашите животи во кратко време.

Збогум приватност

Во објавеното видео беше објаснето како функционира технологијата која ја нарекоа "I-XRAY". Користејќи ја камерата на "Ray-Ban" очилата, тие пренесуваат видео на "Instagram", а кога се снимаат лица, програма базирана на вештачка интелигенција снима скриншот и веднаш ја бара личноста на Интернет. Откако ќе го дознае името, специјална програма бара јавно достапни информации за тие луѓе и им ги испраќа на студентите на посебна апликација информациите што ги дознала за тие луѓе.

Целиот процес е многу краток и, како што можеме да видиме на видеото, многу ефикасен. Меѓу другото, "I-XRAY" се потпира на технологијата "PimEyes", исклучително прецизен пребарувач за лица кој е достапен за секого, а кога е поврзан со паметни очила, станува вистинска алатка за следење. Нгуен и Ардафијо велат дека нема да ја објават својата алатка јавно затоа што не сакаат да се злоупотребува, но сакаат да предупредат дека ваквите работи не се дистописка иднина, туку се можни со помош на постоечката технологија. Доколку студентите направиле ваква алатка со достапна технологија, јасно е дека и други луѓе можат да дојдат до иста идеја, кои можеби имаат различни планови и идеи и можат да се обидат да ја искористат оваа технологија за измама и следење, но и сознанието дека некои странец може толку лесно да научи сè за вас е само по себе страшно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг