Мислите дека сте безбедни? Вештачката интелигенција ќе замени пет проценти од работните места што ги извршуваат луѓето

Точка

03/10/2024

10:41

1.194

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција (AI) во следните 10 години може да замени само околу пет проценти од работните места што моментално ги извршуваат луѓето, рече угледниот професор на Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) Дарон Ацемоглу, повикувајќи се на сопствената пресметка.

Тоа е добра вест за работниците, но многу лоша вест за компаниите кои инвестираат милијарди во технологијата за вештачка интелигенција бидејќи очекуваат тоа да доведе до значително зголемување на продуктивноста, пишува "Bloomberg".

Ацемоглу тврди дека не е песимист за развојот на вештачката интелигенција, но смета дека очекувањата од вештачката интелигенција се преголеми.


Ќе се фрлат многу пари на ветер, тие пет проценти нема да доведат до економска револуција, додава експертот.

Дарон Ацемоглу претстави три основни сценарија за развој на вештачката интелигенција, од кои првото предвидува дека потрошувачката постепено ќе се намалува на прифатливо ниво, додека второто предвидува дека еуфоријата околу вештачката интелигенција ќе трае уште една или две години и потоа ќе доведе до пад на технолошки акции.


Третото и најпогубно сценарио предвидува дека неконтролираната еуфорија со вештачката интелигенција ќе трае со години, предизвикувајќи компаниите да укинат многу работни места и да инвестираат стотици милијарди долари во технологија која нема да ги исполни нивните очекувања.

Во тој случај, целата економија би ги почувствувала негативните последици, предупредува Ацемоглу, коавтор на популарната книга „Зошто нациите пропаѓаат“, која некогаш беше бестселер на "New York Times".




Спонзорирани линкови

Маркетинг