Украле куче од девојче со инвалидитет, па го вратиле: „Ние сме крадци, но чесни“

Точка

02/10/2024

16:38

468

Големина на фонт

а а а

Крадците по општата осуда и огорченост од жителите на Италија, го вратиле кучето што го украле во саботата при кражба во куќа недалеку од Неапол, а е на девојче со инвалидитет.

12-годишно девојче со инвалидитет, чиј германски Шпиц го украле провалници во саботата во Ачери во близина на Неапол, во понеделникот повторно го прегрнала својот миленик Мауи, кој и е придружник од нејзина тригодишна возраст и за кого е многу приврзана.

Росарио, таткото на девојчето јавно апелираше до крадците, барајќи од нив да го вратат кучето и да го задржат остатокот од пленот, разни вредни предмети и накит вреден неколку десетици илјади евра. „Тоа е целиот нејзин свет. Го повикувам кој и го зеде кучето на ќерка ми … ве молам, кој и да е, да го врати, бидејќи ќерка ми е вознемирена. Само сакаме да го вратиш Мауи, не се грижи за други работи“.


„Ние сме крадци, но чесни“

Апелот за неколку часа го споделија стотици луѓе, меѓу кои и градоначалникот Тито д’Ерико. Тој на агенцијата "ANSA" и испрати видео во кое зборува за кражбата и ги повикува сограѓаните да помогнат во потрагата. Неговиот повик се исплатеше.

Во понеделникот доцна вечерта добил анонимен телефонски повик во кој крадците го информирале дека кучето го оставиле пред влезната врата од нивниот дом. „Ми рекоа со странски акцент дека му го враќаат кучето на малото девојче“, рекол Росарио. „Ми го кажаа и следното: Видете господине, ние сме крадци, но чесни.

Росарио се заблагодари на заедницата што јавно повика да се врати миленикот на неговата ќерка. „Италија се вклучи во враќањето на миленикот на ќерка ми Миријам. Ви благодарам многу на сите, многу не допревте“, рекол среќниот татко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг