Лекарот вели: Ова се трите видови чај кои можат да го намалат крвниот притисок

Точка

02/10/2024

15:45

6.552

Големина на фонт

а а а

Крвниот притисок и нивото на анксиозност можат да бидат тесно поврзани, бидејќи стресот и чувството на анксиозност можат да предизвикаат нагло зголемување на крвниот притисок. Управувањето со овие аспекти на здравјето се кчучни за општата благосостојба, а и покрај тоа што можеме да консумираме лекови за да ги одржуваме под контрола, нешто едноставно како е пиењето на топли напитоци исто така може да помогне.


Многу топли пијалаци, како што се чаевите од билки, имаат смирувачки својства кои помагаат во намалувањето на анксиозноста и поддржувањето на релаксацијата. Од друга страна, многумина од тие пијалаци можат на природен начин да помогнат за намалувањето на крвниот притисок. Лекарот, Ралф Валдо, открива три одлични опции.

Зелен чај

Зелениот чај е познат по тоа што содржи катехини, моќни антиоксиданти кои го подобруваат протокот на крв и го подобруваат здравјето на срцето. Исто така, тој содржи и „L-teanin“, кој е познат по своите смирувачки дејства.


„Зелениот чај содржи теанин кој помага во намалувањето на крвниот притисок и делува како соединение против анксиозноста. Теанинот го поттикнува вашето тело да произведува повеќе гама-аминобутринска киселина, серотонин и допамин – смирувачките невротрансмитери кои го подобруваат расположението и ја намалуваат анксиозноста“, вели докторот Валдо за „SheFinds“.

Чај од камилица

Тој содржи флавоноиди кои можат да го подобрат целокупното здравје. Исто така може да го поттикне релаксирањето и намалувањето на анксиозноста, правејќи го извонреден топол напиток за консумирање пред спиење.


„Чајот од камилица е познат по своите смирувачки својства. Содржи апигенин, антиоксидант кој се врзува за одредени рецептори во вашиот мозок, што може да ја поттикне поспаноста и да ја намали бессоницата. Шолја топол чај од камилица пред спиење може да го намали крвниот притисок и нивото на анксиозност“, објаснува лекарот.

Чај од ѓумбир

Ѓумбирот поседува многу бенефити за нашето здравје. Чајот од ѓумбир и куркума содржи противвоспалителни соединенија, гингерол и куркумин, кои можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок.


„Состојките во ѓумбирот и куркумата ја подобруваат циркулацијата, помагајќи крвта послободно да тече низ телото. Ѓумбирот и куркумата исто така имаат анксиолитички дејства, што значи дека делуваат како природни лекови против анксиозноста“, додава др. Валдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг