„Добив голема сума на лотарија и мојот живот стана кошмар! Сите ми бараат пари …“

Точка

02/10/2024

13:33

6.581

Големина на фонт

а а а

Бев во шок! Веднаш му се јавив на моето момче Џејмс. И двајцата бевме пресреќни, сонувавме што можеме да направиме со парите. Но, сонот набрзо се претвори во ноќна мора, пишува оваа добитничка на 600.000 долари …

Не можев да им верувам на очите. Бев сигурна дека добивката на лотарија ќе биде остварување на сонот, но сега имам повеќе пари отколку што некогаш сум замислувала, а животот ми се распаѓа, ја започна својата исповед на онлајн форумот "Reddit" една анонимна дама …

Таа тврди дека на лотарија освоила околу 600.000 долари, а не ни знаела дека е добитник веднаш, туку подоцна кога ги проверила бројките…

„Бев во шок! Веднаш му се јавив на моето момче Џејмс. И двајцата бевме пресреќни, сонувавме што можеме да направиме со парите. Но, сонот набрзо се претвори во кошмар", пишува оваа дама.


Таа објаснила дека Џејмс одеднаш се променил…

„Одеднаш почна да планира што може да прави со парите без да ме консултира. Сакаше да ја напушти работата, да купи скап автомобил, да инвестира во некој ризичен бизнис … Кога му предложив да одиме кај финансиски советник, тој почна да ме напаѓа. Рече дека не му верувам доволно, дека се трудам се да контролирам“, пишува жената.

Но, Џејмс не бил единствениот проблем. За наградата дознала и нејзиното семејство со кое не е премногу блиска.


„Моите родители наеднаш сакаа повторно да се поврзат со мене! Ми рекоа дека имаат финансиски проблеми, дека им било тешко. Сестра ми, која отсекогаш беше љубоморна на мене, бараше дел од добивката. Таа вели дека го заслужува тоа бидејќи ме поддржувала. Одеднаш сите ме погледнаа поинаку, како да сум банка“, продолжува оваа дама.

Откако по извесен период пропадна нејзината врска со Џејмс, нејзиното семејство ја обвинува дека го напуштила…


„Џејмс и јас сфативме дека нашата врска стана токсична и се врти околу парите. Раскинавме, тој се отсели и дел од парите му дадов како разделба. Сега посакувам никогаш да не ги освоев парите, ми ги уништија сите врски во животот. Никогаш не сум се чувствувала посиромашно. Мислев дека Џејмс и јас ќе го поминеме животот заедно. Ќе одам кај терапевт поради сè што се случи. Добивката се претвори во проклетство, би сакала да се вратам назад, во времето пред тоа“, ја заврши својата приказна оваа анонимна корисничка, пренесува "Mirror".

Објавата собра лавина коментари, повеќето ја поддржуваат, некои пишуваат дека никогаш не би им откриле на своите најблиски дека освоиле голема сума, а има и такви кои мислат дека е себична…



Спонзорирани линкови

Маркетинг