Малиот град Хиларио Аскасуби, на југозапад од аргентинската провинција Буенос Аирес, има огромен проблем со папагали.
Илјадници зелени, жолти и црвени птици го опседнуваат ова место, како резултат на сечењето на шумите во околните ридови, објаснуваат биолозите.
Но, проблемот не е во нивниот број (на секои 5.000 жители има по 10 папагали), туку во тоа што ги гризат каблите на електричната мрежа и предизвикуваат несреќи.
Покрај тоа, тие постојано испуштаат гласни звуци и зад себе оставаат куп измет, пренесува "The Guardian".
In #Argentina, the small town of Hilario Ascasubi is suffering from a parrot infestation. The birds are attacking the town because of deforestation. They have already occupied wires, trees, and the roofs of houses. The locals are terrified.
— Politics World Wide Web (@PoliticsWWWeb) September 30, 2024
Images show hundreds of birds perched… pic.twitter.com/60JxWB8PVI
„Шумите полека исчезнуваат, па папагалите бараат храна и засолниште во градот, особено во текот на есента и зимата“, вели биологот Даина Лера.
Во текот на летото и сезоната на парење, жителите на градот Хиларио Аскасуби можат да здивнат додека птиците мигрираат на југ.
На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од папагали кои ја опседнуваат електричната мрежа, зградите и локалната црква, а сцените потсетуваат на трилерот на Хичкок „Птици“ од 1963 година.
Resulta que un pueblo de la provincia de Buenos Aires está tomado por loros barranqueros. Miren esta imagen: parece Hitchcock bonaerense.
— Jason Mayne (@MayneJason) July 8, 2024
El pueblo se llama Hilario Ascasubi y viven unas 7 mil personas. Creen que hay 70 mil loros.
(Sigue) pic.twitter.com/mY1Q8ILCzH
„Ги гризат каблите, а потоа врне дожд и се навлажнуваат. Тогаш е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Папагалите секојдневно ни создаваат проблеми и трошоци“, изјавил новинарот Рамон Алварез.
Жителите на различни начини се обидувале да ги избркаат, но безуспешно.
„Важно е да се врати природната средина. Но, додека тоа не се случи, мораме да смислиме стратегија која ќе ни овозможи да живееме заедно на најхармоничен можен начин“, заклучи Даина Лера.