[ФОТО] Зошто луѓето и покрај високата цена, чекаат во редици за новиот „Huawei Mate XT“ со три екрани

Точка

30/09/2024

17:59

6.367

Големина на фонт

а а а

„Huawei“ телефонот којшто се преклопува на три начини а и покрај неговата особено висока цена, луѓето и понатаму чекаат во редици за да го купат.

Телефонската сцена со телефони на преклопување полека „созрева“ во САД, а оваа година, Самсунг и Гугл лансираа неколку значајно унапредени преклопливи модели. Меѓутоа тие и понатаму заостануваат зад кинеските брендови, коишто се чекор понапред во споредба со нив. Тие го најавија и (веќе го пуштија во продажба) т.н. „трикратно преклоплив“ телефон.


Тој има екран од 10,2 инчи, којшто може да се преклопува два пати и тогаш станува телефон со нормална големина од 6,4 инчи. Што значи дека, технички тој би требал да се вика „двократно преклоплив“ а не трикратно, меѓутоа тоа „три“ најверојатно се однесува на екран којшто се состои од три дела.

„Huawei“ – вистинско инженерско чудо

Кога е целосно отворен, дебелината на уредот изнесува 3,4 милиметри, така што тој станува најтенок пренослив уред на светот. Оваа тенка консктрукција е неопходна. Кога е целосно склопен телефонот се состои од три слоја, поставени еден врз друг, а со тоа се зголемува и дебелината на телефонот стигнувајќи до 12,8 милиметри

Камера


„Mate XT“ има главна камера којашто е во рангот со најдобрите камери на стандардните телефони, а тоа е нешто што преклопливите телефони на Гугл и Самсунг не го нудат. Трикратно преклопливиот телефон има главна камера од 50 мегапиксели, како и перископска камера којашто нуди оптички зум од 5.5х на 120 мм, а главната камера изгледа подеднакво добро како и онаа на моделите од серијата „Huawei Mate 60“.

Меморија

Телефонот користи „Huawei“ чип – Кирин, којшто самата компанија го има развиено.


Има „RAM“ од 16 „GB“ и батерија од 5.600 „mAh“, а оваа големина на батеријата можеби делува мала за екран од 10,2 инчи, така што останува да се види каква ќе биде издржливоста на батеријата при реална употреба.

Залихи

Моделот „Mate XT“ сега е во продажба, но речиси никој не може да го купи. Резервите се толку мали, а побарувачката во Кина е толку висока, што и покрај малопродажната цена од 20.000 јуани (околу 2.800 долари), телефонот е насекаде распродаден, а препродавачите бараат и до 6.000 долари за овој модел.


Инаку „Huawei“ производите се сметаат за луксузни во Кина, а моделот „Mate XT“ изгледа како најбаран луксузен предмет во Кина за оваа есен.