Поларните мечки го симболизираат снегот, мразот и студот на Арктикот, но една прекрасна снимка на Мартин Грегус го прикажува ова величествено животно во необична и потполно опуштена ситуација. Спие на карпа, а околу него нема ни трага од мраз или снег.
Видеото е споделено на профилот на „National Geographic“ и ја прикажува поларната мечка како спокојно спие на карпа. Многумина се прашуваат што сонува - можеби следниот оброк или едноставно за долгиот, мирен одмор во пространството на Арктикот.
„Некој нека му донесе ќебенце“, напишал еден корисник под видеото.
Ваквата сцена предизвика длабоки емоции кај многумина бидејќи поларната мечка, и покрај својата големина и сила, изгледа нежно и кревко додека ужива во својот сон.