[ВИДЕО] Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Макфакс

20/09/2024

14:14

204

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.

„Не е април. Тоа би била добра првоаприлска шега“, рече Мицкоски.

Европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев за БНТ изјави дека ја информирале „Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ“ и ќе побараат да се иницира процедура за исклучување на таа партија од ЕНП.



Спонзорирани линкови

Маркетинг