ОН: Руските напади врз енергетската мрежа на Украина го прекршуваат хуманитарното право

Макфакс

19/09/2024

11:50

573

Големина на фонт

а а а

Руските воздушни напади врз енергетската мрежа на Украина веројатно го прекршуваат меѓународното хуманитарно право, соопшти набљудувачката мисија на ОН, додека Украинците се подготвуваат за најлошата зима од почетокот на руската инвазија.

За време на инвазијата, Русија истрела стотици проектили и беспилотни летала врз украинските капацитети за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија.

Првиот голем бран удар се случи во есента и зимата 2022 година, неколку месеци откако Русија ја започна својата инвазија. Нападите продолжија во текот на целата војна, иако Москва значително ја засили својата кампања од март.

Секој бран напади ги остави украинските градови без струја.

Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина (HRMMU) го фокусираше својот извештај на девет бранови напади помеѓу март и август 2024 година.


„Постојат разумни основи да се верува дека повеќе аспекти на воената кампања за оштетување или уништување на цивилната инфраструктура за производство и пренос на електрична енергија и топлина во Украина ги прекршиле основните принципи на меѓународното хуманитарно право“, се вели во извештајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг