[ВИДЕО/ФОТО] Рабио претставен во клубот во кој ќе ја продолжи кариерата

Дерби

17/09/2024

20:22

981

Големина на фонт

а а а

Францускиот репрезентативец, Адриен Рабио конечно го реши најважното прашање и пронајде клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.

Рабио се раздели со калчолигашот по крајот на минатата сезона или поточно беше слободен агент од месец јули се до денеска. Неговото име се поврзуваше со повеќе клубови за да на крајот заврши во татковината и тоа во редовите на некогашниот европски шампион Олимпик Марсеј.

Марсеј е амбициозен, тимот го предводи италијанскиот стратег Роберто Де Ѕерби и има добар старт на шампионатот каде со 10 бода е на второто место зад Пари Сен Жермен.

Доаѓањето на Рабио сигурно ќе донесе нова енергија, квалитет, надеж и желба Марсеј да биде и шампион затоа што ПСЖ реално нема повеќе големи имиња како што тоа беа Мбапе, Меси, Нејмар, Рамос…

Договорот е со важност до 30 јуни 2026 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг