Гвардиола за „гол машината“ Халанд: Јас за 11 години како професионалец…

Дерби

17/09/2024

20:20

2.203

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити утре е домаќин на Интер во Лигата на шампионите, меч кој е реприза на финалето од минатата година кога „граѓаните“ славеа со 1-0 со погодокот на Родри во 68 минута.

Премиерлигашот е фаворит, а една од причините за тоа дефинитивно е страшната форма на Ерлинг Халанд кој во првите четири средби во домашниот шампионат успеа да постигне дури девет погодоци.

Тој утре ако го матира калчолигашот ќе дојде до бројката од 100 погодоци за Сити и ќе го надмине рекордот на Кристијано Роналдо кој до оваа бројка во дресот на Реал Мадрид дојде во 105 натпревари.

-И за мене се изненадување бројките на Халанд. Дали знаете зошто? Играв 11 години како професионалец, како фудбалер, постигнав 11 гола. Овој човек на четири натпревари даде девет. Така да на следниот меч натпревар може да ме израмни. Така да можете да замислите дека сум изненаден, -истакна менаџерот Пеп Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг