Чави разочаран од изјавата на Педри и пораките кои пристигнуваат од Барселона

Дерби

17/09/2024

12:54

3.135

Големина на фонт

а а а

Чави Ернандес си замина како голем господин од Барселона и не побара ниту едно евро како обесштетување, заштедувајќи ги сите средства за следниот тренер кој потоа испадна дека ќе биде Ханси Флик.

Неколку месеци по заминувањето на некогашниот капитен, атмосферата во Барса е многу подобра и тоа се должи на спектакуларниот старт кој го има Ханси Флик во Ла Лига, каде неговиот тим запиша пет победи во првите пет кола во домашното првенство.

Амбициите и гладта на германскиот стручњак направија многу млади играчи на Барселона да преземат уште поголема одговорност и да дојдат до израз во оваа рана фаза од сезоната, но сепак пораките кои пристигнуваат од првиот тим и од опкружувањето го натерале Чави да биде разочаран од низа постапки.


Како што јавува угледниот каталонски весник „Спорт“, а веста ја потврдува и „АС“, Чави е разочаран од пораките кои пристигнуваат од клубот, но и од изјавата на неговиот доскорашен миленик, Педри.

Офанзивниот играч за врска пред извесно време нагласи дека тимот е многу подобро физички подготвен под водство на Ханси Флик и со тоа испрати индиректна „отровна стрела“ кон Чави, па очигледно легендата на Барса смета дека не го заслужил тоа од играчот на кој тој му даде вистинска шанса.


Според информациите на двата медиуми, Чави смета дека некој од внатрешноста на клубот води кампања против него со објавите за добрата физичката подготовка на тимот, нешто што беше симбол и за неговиот тим во сезоната во која беше освоена титулата во Ла Лига.


Според сите статистички податоци, тогаш Барселона имаше најдобри бројки на физички и кондициски план, па затоа Чави смета дека ваквите прозивки од внатрешноста на клубот се крајно некоректни и разочарувачки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг