Вработените на Меган Маркл бегаат од неа како ѓавол од крстот: „Таа е диктаторка на штикли“

Точка

17/09/2024

13:02

3.957

Големина на фонт

а а а

Уште во 2018 година во Бакингамската палата беше истражувано однесувањето на Маркл, поради обвиненијата за мобинг од страна на нејзините помошници.Нејзиниот сопруг, принцот Хари, војводата од Сасекс, го прослави својот 40 роденден, а истовремено е во многу лоши односи со останатите членови на кралското семејство, а кралот Чарлс и кралицата Камила, роденденот му го честитаа преку социјалните мрежи.

Меѓутоа ниту роденденската прослава не можеше да помине без непријатност, а најголемата сенка врз прославата ја ставија медиумските пишувања околу проблемите коишто Меган и Хари ги имаат со пронаоѓањето на соработници и вработени, а исто така се појавија гласини дека тие двајцата се најлоши работодавци, и вината за тоа ѝ се припишува на Меган.


Најновиот пример за ова е текстот објавен во „The Hollywood Reporter“ во коешто соговорниците ја опишуваат Меган како „диктаторка на штикли којашто ги принудува возрасните мажи да плачат“.

„Сите се ужаснуваат од Меган, таа ги понижува луѓето, не прима ничиј совет. Двајцата се лоши во донесувањето одлуки, често ги менуваат мислењата. Хари е многу, многу шармантна личност, но тој ѝ овозможува на Меган да се однесува така, а таа е едноставно грозна“, изјави анонимен извор близок до парот.


„Апсолутно е неумолива. Таа маршира наоколу како диктатор на високи штикли. Се лути и дава наредби. Гледав како возрасните мажи ги доведува до солзи“, изјави друг извор.

Меѓутоа уште во 2018 година, во Бакингамската палата беше истражувано однесувањето на Маркл откако двајца помошници се пожалија на мобинг. Резултатите од ова истражување никогаш не беа објавени, а Маркл тврдеше дека тие тврдења биле дел од кампањата за нејзино „оцрнување“.

Од друга страна кога станува збор за бизнисот на Хари и Меган, според „Hollywood Reporter“, Џош Кетлер, познатиот работен консултант од Санта Барбара е еден од последните нивни вработени којшто ја откажал соработката со нив, а работел само три месеци како шеф на персоналот.


„Тој стана член на сè поголемиот број на луѓе којшто ги „преживеале Сасексите“ како што себеси се нарекуваат нивните поранешни вработени. Пред Кетлер, тоа беше Тоја Холнес, којашто работела како глобална секретарка за односи со јавност до 2022 година и Кристин Вејл Ширмер којашто како шефица на нивниот „ПР“ даде отказ во 2021 година. Истата година си замина и Саманта Коен, којашто ѝ беше главна и лична асистентка и помошничка на Меган“, пишува „Hollywood Reporter“.

Немилосрдното претставување на војвотката е во особен контраст со начинот на којшто Меган сака да се претставува во јавноста, како нежна, емпатична личност со голема насмевка на лицето, како некој којшто ги разбира животните борби. Во последните години таа стана голема обожавателка на бестселерот на авторката на книгата за самопомош, Брена Браун, којашто ги поттикнува читателите да „ја негуваат благодарноста и радоста во своите животи“.

Кога во август заедно со сопругот, беа на турнеја во Колумбија, Меган објасни дека таквиот нов став кон животот и донел голема  среќа и изјави: „Ако сакате да бидете благодарни за својот живот, морате да биде благодарни за сите негови аспекти“.