На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа моментот кога направите експлодирале на погреб во Либан.
На видеото се гледа толпа луѓе, а потоа во еден момент се слуша експлозија и врескање.
Токи-воки уреди на членови на Хезболах, наводно, експлодирале за време на погреб во предградие на Бејрут.
Експлозијата се случи на погребот на еден од 12-те загинати во експлозијата на пејџери што вчера го потресе Либан.
لحظة انفجار جهاز لاسلكي أثناء تشييع في الضاحية الجنوبية pic.twitter.com/jNYyKHhzDq
— Al Jadeed News (@ALJADEEDNEWS) September 18, 2024