„Повеќето нормални луѓе не го користат тоа“

Точка

14/09/2024

15:45

3.367

Големина на фонт

а а а

Еден од најважните луѓе на "Meta", Ник Клег, неодамна се осврна на Илон Маск и како тој ја води платофрмата "X", односно поранешен "Twitter".

Клег, говорејќи во Чатам Хаус во Лондон, рече дека „'Twitter' не го користат мнозинството нормални луѓе во светот“ и дека „тоа е мала платформа наменета за елитите“.


Тој рече дека на оваа социјална мрежа луѓето главно се расправаат за политика, додека "Facebook" и "Instagram"(сопственост на "Meta") се користат „најмногу од позабавни причини“.


Клег исто така изјави дека, додека "Facebook" и "Instagram" имаат строги правила кога станува збор за содржината што може да се објави, „Маск им дозволува на луѓето да кажат што сакаат на 'X'“.


Во оваа прилика тој ги истакна примерите на Ендрју Тејт и Томи Робинсон на кои им беше забранет пристап на "Instagram" и "Facebook".




Спонзорирани линкови

Маркетинг