Трансродовата ќерка на Илон Маск го осуди поради зборовите коишто тој ѝ ги упати на Тејлор Свифт: „Тоа е одвратно“

Точка

14/09/2024

13:36

6.805

Големина на фонт

а а а

Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, го осуди поради неговата објава во којашто ѝ понуди на Тејлор Свифт да ѝ „направи дете“, откако Свифт ѝ даде поддршка на Камала Харис во трката за избор на нов американски претседател.


Свифт преку Инстаграм ги повика луѓето да гласаат за Камала, завршувајќи ја објавата со зборовите: „Со љубов, дамата со мачки којашто нема деца“, по што Маск се огласи на социјалната мрежа „Х“.

„Во ред, Тејлор. Победи. Ќе ти направам дете и ќе ги штитам твоите мачки со својот живот“, напиша Маск и ја шокираше јавноста.


Поради ова Маск доби многу критики бидејќи многумина неговите зборови ги сметаат за сексистички, а неговата ќерка Вивијан изрази поддршка за Тејлор Свифт преку „Тhreads“.

„Моментот кога Тејлор Свифт одлучи да ѝ даде поддршка на Камала Харис не можеше да биде подобар. Едвај чекам да ги видам „Swifties“ (фановите на Тејлор) на избирачките места. Гласајте за синото“, напиша Вивијан мислејќи на Демократската партија, односно на Камала.


Потоа таа се осврна и на објавата на татко ѝ. „Да го видов тој твит.Одвратна глупост на маж којшто е во непосакуван целибат. Навистина немам што да додадам, едноставно е одвратно. Очигледно. Ако не гледате што не е во ред тогаш вие имате проблем. Јас само сакам да им кажам на моите следбеници да не дозволувате луѓето така да разговараат со вас, тоа е одвратно, понижувачко и неверојатно сексистички“, напиша Вивијен.

Инаку непосакуваниот целибат на англиски се означува како „incel“ (involutary celibate). Тоа е движење на мажите коишто мислат дека не можат да воспостават каков било контакт со жените.



Спонзорирани линкови

Маркетинг