Во овој град се дозволени само бели автомобили, ако се валкани следуваат казни

Точка

13/09/2024

21:40

9.591

Големина на фонт

а а а

Ако возите низ главниот град на Туркменистан, веројатно ќе забележите дека повеќето од автомобилите на патиштата се бели. Уште во 2018 година бил донесен правилник според кој во главниот град Ашхабад се забранети црните автомобили и оние во впечатливи бои.

Никој сè уште не објаснил зошто е донесена оваа бизарна одлука, иако многумина тврдат дека таа е поврзана со суеверијата на поранешниот претседател на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов. Имено, тој верува дека белата боја носи среќа.


Не само што повеќето автомобили на патиштата се бели - во некои исклучоци, дозволени се и сребрени и златни „лимени миленичиња“ - туку тие мора да бидат беспрекорно чисти. Доколку ве фати полиција како возите валкан автомобил, ќе мора да платите казна, пишува „punkufer.hr“.

Бел град

Ашхабад често се нарекува бел град бидејќи сите згради од 2000 година па до денес се изградени од бел мермер. Покрај тоа, главниот град на Туркменистан го држи рекордот за најголема концентрација на згради од бел мермер во светот.


Туркменистан е држава во Централна Азија, покрај Каспиското Езеро, која настана по распадот на Советскиот Сојуз, а се граничи со Казахстан, Узбекистан, Авганистан и Иран.

Иако има многу атракции, малкумина имаат можност да ги видат во живо. Државниот врв не е заинтересиран за туризам и според некои статистики годишно одобрува само околу 10.000 туристички визи.