Зошто се верува дека отворањето на чадорот во затворена просторија носи несреќа?

Точка

13/09/2024

14:16

2.999

Големина на фонт

а а а

Точниот датум на појавување на чадорите сè уште не е познат, но древните Еѓипќани се заслужни за една негова рана верзија, со оглед на тоа дека беше цртеж којшто ги прикажува свештениците и кралското семејство како ги косристат чадорите за да се заштитат од сонцето, и тоа во 1200 година п.н.е, пишува „Reader’s Digest“.


Богатите Еѓипќани ги носеле со себе чадорите направени од папирус и пердуви, којшто претставувале статусен симбол.Старите Еѓипќани верувале дека доколку го отворат чадорот во затворен простор ќе го налутат богот на сонцето „Ра“ и дека би се соочиле со лоши последици.

Постојат и други тврдења според коишто чадорите од пердувите на паунот требале да го имитираат небеското божество „Нут“, а доколку личност којашто не е благородник застане под нејзина сенка тоа ќе се смета како повреда на божеството. Меѓутоа и во двата случаи, теориите укажуваат на тоа дека потеклото на ова верување е вкоренето во религијата, а не во мистицизмот.

Викторијанскиот период ги потенцираше опасностите


Во викторијанскиот период, некаде околу средината на 19 век, чадорите биле многу големи и тешки за носење со цврсти метални жици. Во својата книга „Extraordinary Origins of Everyday Things“, научникот Чарлс Панати пишува: „Чадорот со тврди жици, којшто одненадеж би се отворил во мала просторија, би можел сериозно да повреди возрасна личност или дете, или пак да скрши некој лесно кршлив предмет. Поради тоа се појавило суеверието околу чадорот, како средство за одвраќање од отворање на чадорот во затворен простор“.

Магични верувања


Луѓето од различни култури честопати веруваат дека работите имаат своја индивидуална моќ и суштина.

Како тоа влијае врз ова суеверие?

„Кога е отворен, чадорот е дизајниран за да се употребува надвор, кога има невреме. Невремето е непредвидливо, непријатно, потенцијално насилно и деструктивно“, вели професорот по антропологија Фил Стивенс, и додава: „Домот е мирен,тивок и среден. Отворањето на чадорот внатре го загадува домот со есенција на невреме“.