[ФОТО] „Мали ноќни разговори…“: Северина и нејзиниот син се сретнаа со Новак Ѓоковиќ на Корчула

Точка

12/09/2024

15:45

5.259

Големина на фонт

а а а

Северина летниот одмор со синот Александар го помина на островот Врник кај Корчула. Хрватската пејачка на својот инстаграм-профил сподели голем број слики од моментите во кои уживала.

Меѓу нив беше и фотографијата со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Имено, пејачката го сликала синот Александар во разговор со српскиот ас.

„Мали ноќни разговори со добриот дух на островот… Ноле, сите те сакаме“, напиша таа.




Да потсетиме, Новак летово го посети Дубровник со пријателите и семејството, а во мај се појави на концертот на Северина во Дубровник. Во еден момент излегол на сцената и публиката почнала да го скандира неговото име додека Северина ги охрабрувала да ракоплескаат и му се поклонила на тенисерот кога тој излегол од бината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг