Американскиот рок-музичар Џон Бон Џови е уловен со камера како се обидува да убеди „очајна“ жена да се тргне од работ на мостот во Нешвил.
Американскиот пејач наводно снимал спот за песна со неговиот бенд „The People's House“ на пешачки мост кога забележал жена од другата страна на оградата.
На снимката од надзорната камера споделена од локалната полиција се гледа како фронтменот Бон Џови и член на неговата екипа ѝ приоѓаат на вознемирена жена.
NEW: Singer Jon Bon Jovi saves a woman from jumping off a bridge in Nashville, Tennessee while filming a music video.
— Collin Rugg (@CollinRugg) September 11, 2024
Good man.
Bon Jovi was seen approaching a 62-year-old woman on the John Seigenthaler Pedestrian Bridge.
The musician leaned over the railing before… pic.twitter.com/msyGSU3hQW
Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа, повикувајќи ја да се врати на безбедно, по што и помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ja прегрнал и стоеле така околу една минута, пред заедно да одат по мостот. Метрополитен полицискиот оддел во Нешвил го споделил видеото на својот канал на Јутјуб и рекол дека пејачот и помогнал на „очајна жена“.
„Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост Сајгенталер во вторникот вечерта. Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата „X“.