Нема договор помеѓу Мбапе и ПСЖ, случајот ќе заврши на суд

Макфакс

12/09/2024

09:13

2.041

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе не се откажува од намерата да ги наплати неподмирените долгови од неговиот поранешен клуб, Пари Сен Жермен.

Адвокатите на играчот од една страна, и неговиот поранешен клуб од друга страна, се сретнаа во средата во седиштето на Француската лига (ЛФП) за да се обидат да постигнат договор.


Мбапе со месеци тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра за плати и бонуси, додека „светците“ се бранат дека Мбапе се обврзал да не бара бонуси кога го продолжил договорот во 2023 година.

Додека адвокатите на ПСЖ беа задоволни од исходот на двочасовната средба во седиштето на ЛФП, адвокатите на Мбапе не беа задоволни. Од друга страна, ЛФП сака да посредува меѓу двете страни.

Адвокатскиот тим на фудбалерот во наредните денови треба да одлучи дали ќе доозволи ЛФП ќе се вклучи во процесот или ќе се обратат до Судот за труд во Франција.

Мајката на Мбапе, Фајза Ламари, неодамна на промоцијата на Мбапе во Мадрид изјави дека верува дека ПСЖ ќе му исплати се што му должи на нејзиниот син, но дека не ја исклучува можноста случајот да заврши на суд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг