Бојан Миовски вчера постигна гол за потврда на победата против Ерменија и само покажа дека е ударна игла во нападот на Македонија, но денот за пауза сега го искористи за да сподели и убава вест со сите свои следбеници на социјалните мрежи.
Македонската „9-ка“ бележи незаборавни моменти на фудбалскиот терен и неговата кариера се развива на најдобар можен начин, па така по трансферот во Џирона и постигнатиот гол против Ерменија, сега имаше објава за незаборавен ден во неговиот живот.
Избраничката Сара му кажа „ДА“ уште пред неколку месеци, но сега двајцата ја завериле љубовата со брак и венчални прстени, за што доказ се и објавените фотографии на социјалните мрежи.
Миовски се пофали за убавиот и незаборавен чин, а истиот го одбележа со симбол за бесконечност.