Рецепт на денот! Подготвена за 5 минути, а повкусна од купечката: Направете домашна Нутела

Точка

11/09/2024

17:00

15.793

Големина на фонт

а а а

Дали сакате да направите своја верзија на омилениот крем од лешник без дополнителни конзерванси и непотребни состојки? Оваа домашна „Нутела“ е готова за само пет минути и е вистинско уживање за љубителите на чоколадо и лешници, пишува „Вечерњи лист“.

Со неколку едноставни чекори и лесно достапни состојки, можете да уживате во свеж, кремаст намаз кој ќе ја задоволи вашата потреба за слатко.

Потребни состојки:

150 грама лешници;

150 грама темно чоколадо;


75 грама млечно чоколадо;

225 мл млеко;

4 лажици сончогледово масло;

190 грама шеќер во прав.

Подготовка:

Изблендирајте ги лешниците со врелото млеко. Мешајте најмалку две минути со голема брзина за да добиете помазна смеса без грутки. Кога ќе биде готова, префрлете ја во голем сад. Потоа додадете ги чоколадото, кое претходно сте го стопиле, шеќерот во прав и на крај маслото. Сè убаво измешајте со жица додека смесата не ви стане хомогена.


Ако смесата ви делува премногу течна, ставете ја на тивок оган и варете околу пет минути, во спротивно веднаш истурете ја во тегла.

Добиениот крем ставете го во фрижидер најмалку два часа пред сервирање.

Уживајте!




Спонзорирани линкови

Маркетинг