Две ученички на економското училиште во Лесковац се полесно повредени кога врз нив паднал дел од таванот во училницата, пренесуваат локалните медиуми.
Ова училиште нема сопствен објект, па со децении ги користи просториите на лесковачката гимназија за настава, пишуваат тамошните медиуми.
Дел од таванот паднал за време на одморот, пишува „Југпрес“.
Според написите, во болницата во Лесковац нема детски невролог, па девојчињата се испратени на преглед во Ниш.