По смртта на дваесет и тригодишната девојка Наташа Пуљезе во италијанскиот град Фоџа, која починала во болницата за време на операцијата, нејзините роднини и пријатели упаднале во установата и ги нападнале лекарите и медицинските сестри.
Здравствените работници морале да се забарикадираат во ординацијата, а на видеото се гледа како капки крв паѓаат по подот од собата.
Во еден момент дури и ја забарикадирале вратата со мебелот за да спречат да влезат роднините и пријателите на починатата девојка.
Речиси 50 луѓе, наводно, упаднале во болницата, огорчени од смртта на младата Наташа.
Due ore fa', il personale sanitario del Policlinico di Foggia è stato aggredito con calci e pugni dai parenti di una ragazza di 23 anni di Cerignola, deceduta durante un intervento chirurgico. pic.twitter.com/8WXOVi3epr
— Luigi Basemi 🏅 (@LBasemi) September 6, 2024
Хирург се здобил со неколку удари по лицето, додека раката на друг доктор била скршена.
Обвинителството во Фоџа одлучило да отвори две истраги за сериозната епизода. Првата поради смртта на Наташа Пуљезе, а втората поради нападот врз лекарскиот тим. Полицијата ги идентификувала сите присутни.
Девојката починала за време на операцијата од повредите со кои се здобила во сообраќајната несреќа.