Поради присуство на канцероген тежок метал, еден прехранбен производ се повлекува од продажба. Како што соопштија од Европскиот систем за безбедност на храна, станува збор за замрзнати лигни во кои е пронајден кадмиум. Ризикот по здравјето на луѓето е сериозен, како што велат.
Кадмиум во патагониските лигни е откриен со официјална контрола на словенечкиот пазар, во една од рибарниците каде што се продавале.
Процентот на кадмиум бил два mg/kg, што е двојно повеќе од дозволената вредност.
Дистрибутер во Словенија била компанијата „Ribago d.o.o.“, соопштила локалната управа за храна и ветеринарна медицина. Но, се покажало дека истите лигни се дистрибуирале и на хрватскиот пазар.
Земјата на потекло е непозната, велат од словенечкиот инспекторат, но европскиот систем наведува дека во Словенија и Хрватска пристигнале преку Шпанија.
Не се знае дали Државниот инспекторат во Хрватска ги извршил потребните дејствија, односно што се случило со спорните патагониски замрзнати лигни.
Кадмиумот е тежок метал исклучително токсичен и канцероген за луѓето, а најмногу влијае на белите дробови, срцето, црниот дроб и коскеното ткиво.
Се акумулира во телото и се излачува тешко и долго. Во секојдневниот живот, пушачите на тутун се најмногу изложени на кадмиум: една цигара содржи околу два микрограми кадмиум, а два до 10 проценти од тој кадмиум преминува во чад од тутун.