Ремито на Холандија и Германија донесе и една лоша вест за Пеп Гвардиола, откако негов важен фудбалер беше изнесен од теренот на носилка.
Фудбалерите се почесто одат на принудни паузи под притисок на се погустиот натпреварувачки календар, а Манчестер Сити одреден период повторно ќе биде без Нејтан Аке.
Nathan Ake in tears as he picks up a serious injury 💔, sending him lots of support pic.twitter.com/sku9D7fbyM
— Jacky (@MCFC_Jacky) September 10, 2024
Дефанзивецот се врати во тимот на Сити како резерва на последниот дуел со Вест Хем, за вчера да издржи само 45 минути пред да биде принудно заменет од холандскиот селектор Роналд Куман.
Првичните информации се дека Аке заработил мускулна повреда, што е најава за поголема пауза, па Сити ќе остане без важна опција во пресрет и на обврските во Лигата на шампионите.
Пред неколку дена, во слична ситуација се повреди и Мартин Одегард, што ќе биде уште поголем удар за Арсенал и Микел Артета