Поранешниот советник на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, сподели на "X" воздушна фотографија на која се гледа уништениот град Вовчанск во областа Харков, на околу 5 километри од границата со Русија.
Станува збор за град кој е во центарот на руската офанзива на регионот Харков, која започна во мај. Пред почетокот на офанзивата, во градот живееле 17.000 жители. Сега е претворен во урнатини и пепел.
Vovchansk... or at least whats left of it... pic.twitter.com/ZDjWzMiX5P
— Warzone Watch (@warzone_watch) September 6, 2024
Вовчанск е град во кој моментално се водат некои од најжестоките битки.
„Русија претрпе загуби и беше принудена да се повлече по обидот да напредува кон Вовчанск“, соопшти пред неколку дена украинската армија.
„Во Вовчанск, како подготовка за јуришни операции, непријателот се обиде да испорача персонал во централниот дел на градот, користејќи два тенкови и две оклопни борбени возила МТЛБ. Тие претрпеа загуби и се повлекоа“, соопшти оперативно-тактичката група Харков.
Instead of a thousand words.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 9, 2024
What is left of Vovchansk, Kharkiv region, 5 kilometers from the Ukraine-Russia state border.
17,000 people used to live here.
📷: Presidential Brigade pic.twitter.com/l947HPMOw8
Силите на Кремљ започнаа офанзива во регионот Харков на 10 мај, заземајќи голем број села на североисточната граница на Украина и принудувајќи илјадници цивили да избегаат, но Украина набрзо објави дека рускиот притисок во регионот не успеал и дека Москва претрпе големи загуби.
Институтот за проучување на војната, истражувачки центар со седиште во САД, во својата анализа вели дека борбите продолжуваат северно и североисточно од градот Харков и дека најжестоко се водат во Вовчанск.
„Портпаролот на украинската бригада која работи во правец на Харков изјави дека руските сили кои дејствуваат во оваа насока вршат напади без поддршка на оклопни возила“, соопшти "ISW".
Vovchansk is located ~5 kilometers from the russian border. Before the full-scale invasion, over 17,000 Ukrainians lived here; only a few people remain.
— UNITED24 (@U24_gov_ua) September 9, 2024
The town is almost entirely destroyed, shrouded in smoke.
That’s what russia calls liberation.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/65hp6uXLXJ