Таа вели и дека нејзиниот сопруг Дерек, со кој е во брак 15 години, на почетокот не бил ентузијаст за нејзиниот животен стил. Но, потоа дојде пандемијата …
Се подготвувам за секое можно сценарио. За нова пандемија, граѓанска војна, 3 светска војна … Секогаш се подготвуваме за најлошото, но се надеваме на најдоброто, вели Американката Кристал (36), позната и како „Кралицата на судниот ден“, пишува "Mirror".
Оваа мајка на три деца десет години се подготвува за потенцијални апокалипси, а досега на подготовки потрошила повеќе од 20.000 долари.
„Мојата сегашна цел е да имам храна со која можеме да преживееме три години. Во мојата градина одгледувам овошје и зеленчук, дедо ми ме научи кога бев девојче како да го ’продолжам‘ рокот на траење на храната“, вели Кристал. Ја купуваат храната на големо, бараат попусти …
Таа вели и дека нејзините деца и сопруг се среќни поради овие подготовки, дека тоа е нешто што ги прави да се чувствуваат безбедно.
„Се надевам дека моето семејство секогаш ќе биде во безбедна средина“, вели Кристал.
Тие се загрижени и за потенцијални големи немири.
@charminglyfrugal What is a new skill you’re trying to learn and prepping mine right now is freeze drying #prepping #preppertok #newskills #prepper #shtfprepper ♬ original sound - CharminglyFrugal
„Веќе видовме насилни протести кои се шират низ Америка. Треба да се подготвите, не сакам да го ставам моето семејство во неповолна ситуација“, вели таа.
Таа вели и дека нејзиниот сопруг Дерек, со кој е во брак 15 години, nна почетокот не бил ентузијаст за нејзиниот животен стил. Но, тогаш дојде пандемијата …
„Кога го видов тој хаос, знаев дека ова е вештина што треба да ја всадиме кај нашите деца“, вели Дерек.
@charminglyfrugal Let’s upgrade the kids bug out bags #bugoutbagsforkids #kidsbugout #bugoutbags #survival #survivalprepper #shtfprepper #shtf #bugoutbag #preppersoftiktok #griddownprepper #civilwar #gobags ♬ original sound - CharminglyFrugal
Во куќата имаат посебни простори каде чуваат храна и други потреби во случај на катастрофа. Имаат доволно храна за да преживеат година и пол, големи количини лекови, имаат и оружје, подготвени кеси во случај да мора брзо да излезат од дома.
Конзервираната храна што ја има, вели, важи за следните 25 години. Има овошје, зеленчук, месо, ориз, тестенини … Имаат и специјални уреди кои им помагаат да ја подготват храната пред да ја стават во својот магацин …