Милијардер, пилот и двајца вработени во „SpaceX“ денеска полетаа од Флорида на мисија што треба да означи нова етапа во комерцијалното истражување на вселената – првата приватна вселенска прошетка во историјата.
„Polaris Dawn полетува“, пишува компанијата на Илон Маск на социјалната мрежа „X“, заедно со снимката од ракетата „Falcon 9“ што полетува од вселенскиот центар Кенеди. Полетувањето беше одложено неколку пати во изминатите две недели, најмногу поради лошите временски услови.
Вселенската прошетка е планирана за четврток, на половина пат од петдневниот лет.
Polaris Dawn launches to orbit pic.twitter.com/sxZjJXBjzG
— Polaris (@PolarisProgram) September 10, 2024
Ако се оди според планот, тоа ќе биде прва приватна вселенска прошетка, но без напуштање на капсулата.
Вселенските прошетки, една од најризичните задачи за време на вселенските летови, беа изведувани само од професионални астронаути кои и денес рутински го прават тоа на Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земјата.
Polaris Dawn Live Broadcast:
— Elon Musk (@elonmusk) September 10, 2024
– Furthest from Earth that humans have been in over half a century
– First private spacewalk
https://t.co/cWd6NxO1Fr
На прес-конференција пред летот, милијардерот и еден од учесниците во мисијата, Џаред Ајзакмен, одби да каже колку инвестирал во летот. „Нема шанси“, рече тој.
„SpaceX“ соработува со Ајзакмен за да плати за развој на вселенски одела и други трошоци.
„Не сум роден кога луѓето одеа на Месечината. Сигурно би сакал моите деца да видат луѓе како шетаат по Месечината и Марс и го истражуваат Сончевиот систем“, изјави 41-годишниот милијардер пред мисијата.
From the crew of Polaris Dawn pic.twitter.com/51A1bKnNXc
— Polaris (@PolarisProgram) September 10, 2024