„Останувам во Венецуела да ја следам борбата против Мадуро“: Опозициската лидерка се крие од властите, вели дека Гонзалес е избран претседател

Точка

10/09/2024

21:18

822

Големина на фонт

а а а

Марија Корина Мачадо, лидерката на опозицијата во Венецуела, им рече на поддржувачите дека останува во земјата за да ја „следи борбата“ против владата на претседателот Николас Мадуро откако Едмундо Гонзалес Урутија, нејзиниот сојузник и конкурент на Мадуро на последните избори, замина во егзил во Шпанија.

- Решив да останам во Венецуела и да ја поддржам борбата од тука, додека тој (Гонзалес Урутија) ја води однадвор - вели Мачадо во видеото.

Таа се крие од властите на Мадуро од 28 јули, кога беа објавени спорните резултати од претседателските избори, кои не ги признава венецуелската опозиција, САД, земјите од Европската Унија и некои земји од Латинска Америка.

Опозицијата тврди, врз основа на своите записи од избирачките места, дека поранешниот амбасадор Гонзалес Урутија (75) победил на изборите убедливо, додека изборната комисија и Уставниот суд, институции лојални на владата на Мадуро, го прогласиле Мадуро за претседател, иако властите никогаш не ги објавија деталните резултати од гласањето по изборни единици.


Мачадо рече дека не знаела дали заминувањето на Гонзалес Урутија во Шпанија „може да го зголеми ризикот“ за неа.

- Сите знаеме дека Едмундо Гонзалес Урутија е избран претседател на Венецуела. И тоа ќе остане, без разлика дали е во Венецуела или на некое друго место во светот - рече таа и додаде дека фактот што Гонзалес Урутија веќе не е во земјата „не менува апсолутно ништо: легитимитетот се одржува, стратегијата е иста“.

Многу Венецуелци изразуваат очај на социјалните мрежи по неговото заминување во Шпанија минатата недела.

Во писмото објавено на интернет, Гонзалес Урутија тврди дека заминал за да дозволи „работите да се променат и да изгради нова сцена за Венецуела“.


– Оваа одлука е гест што подава рака на сите (...) Само политиката на дијалог може да ни овозможи да се сретнеме како сонародници – напиша тој.

Пред да замине за Шпанија, Гонзалес Урутија игнорираше три покани од обвинителството, сметајќи дека неговото појавување може да го чини слобода.

По него беше распишана потерница на 2 септември, а обвинителството отвори истрага за „непочитување на законот“, „заговор“, „узурпација на функции“ и „саботажа“, во врска со оспорување на победата на Мадуро и големите протести што избувнаа по изборите. Демонстрациите беа задушени, со бројни човечки жртви.




Спонзорирани линкови

Маркетинг