Жените ја открија идеалната големина на половиот орган – одговорот би можел ве изненади

Точка

10/09/2024

23:04

7.672

Големина на фонт

а а а

Една нова студија во која учествувале 800 жени покажала која е, според нив, идеалната големина на пенисот.

Истражувањето го спроведе “ZipHealth“. Повеќето жени изјавиле дека идеалната должина на пенисот е 14 сантиметри, а обемот 11 сантиметри.


Овие мерења не отстапуваат многу од просечната големина на пенисот, така што повеќето мажи немаат за што да се грижат кога станува збор за импресионирање на дамите, според „New York Post“. Друго истражување покажа дека просечната должина на пенисот е 13 сантиметри, а обемот е 11 сантиметри.

Додека жените се задоволни со оваа големина, мажите веруваат дека поголем пенис е подобар. Тие одговориле дека нивната големина од соништата е 16 сантиметри, а обемот 14 сантиметри.


Докторката Џен Кодл стана популарна на TikTok минатата година откако изјави дека сака да го отфрли митот дека големината е важна.

„Една од причините е тоа што повеќето луѓе мислат дека просечната големина на пенисот е многу поголема отколку што всушност е. Второ, има голем притисок од општеството да се исполнат одредени очекувања. Ова важи и за мажите и за жените, а мене тоа не ми се допаѓа“, рече таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг