[ФОТО/ВИДЕО] Победничкиот болид на Аиртон Сена од Монако се наоѓа во Такома

Точка

10/09/2024

13:18

18.468

Големина на фонт

а а а

Некогашниот драгоцен болид од Мекларенова историска колекција денес се наоѓа во Такома, Вашингтон.


Станува збор за болидот „McLaren MP4/7“ со којшто легендарниот бразилски возач на Формула1, Аиртон Сена победи на трката за Големата награда на Монако во 1992 година. Оваа победа се смета за најдобра во историјата на Монако, а Сена тогаш го победи Нигел Мансел.


Поголемиот дел од трката наликуваше на поворка, Мансел водеше по стартот на трката, а потоа му пукна гумата поради што тој мораше да оди во боксот и го изгуби водството.


Меѓутоа последните три круга беа драматични, Мансел „извлекуваше“ сè од својот „Вилијамс“, но Сена заблеска и возеше прекрасно бранејќи се под голем притисок и на крајот заслужено победи пред Мансел.

Победничкиот болид на Сена денес се наоѓа во Такома во Вашингтон и дел е од колекцијата на компанијата „Griot’s Garage“.


Болидот беше купен од Мекларен во момент кога оваа компанија се соочуваше со финансиски проблеми, поради што продаде дел од своите модели со цел да собере пари.

Болидот на Мекларен, којшто го возеше Сена, го сними за својот „Јутјуб“ канал познатиот автомобилски фотограф Лери Чен.