[ВИДЕО] Кејт Мидлтон заврши со хемотерапијата! Принцезата од Велс конечно откри како се чувствува и како таа, Вилијам и децата ги преживеале најлошите месеци во нивните животи

Точка

10/09/2024

10:48

1.919

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон на 22 март откри дека има рак и дека е на превентивна хемотерапија. Сега, од самата принцеза од Велс пристигнаа нови информации за нејзината здравствена состојба – и тие велат: „Завршив со хемотерапијата и фокусирана сум на целосно излекување на ракот“.

Кејт Мидлтон, исто така, во блиска иднина планира да се врати на своите кралски обврски, но умерено.

Принцезата од Велс истакнала дека нејзиниот „фокус сега е целосно да го излечи ракот“ и признала дека последните девет месеци биле „страшно и непредвидливо“ време за нејзиното семејство. Искуството, вели Кејт, ги потсетило неа и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, „да размислуваат и да бидат благодарни за едноставните, но важни работи во животот што многумина од нас често ги земаат здраво за готово“.


Личната порака на принцезата до нацијата со среќната вест била снимена и објавена во триминутно видео на кое таа и Вилијам се прикажани во шумата Норфолк со нивните три деца – принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

„Соочувањето со ракот беше сложено, застрашувачко и непредвидливо“

„Како што летото завршува, не можам да ви кажам какво олеснување е што конечно го завршив мојот третман со хемотерапија. Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот како што знаете може да се смени за миг и моравме да најдеме начин да се движиме по бурните води и непознатиот пат“, го започнала Кејт обраќањето во емотивното видео, па продолжила:

„Мојот фокус сега е да правам сè што можам за да останам без рак. Иако завршив со хемотерапија, мојот пат до заздравување и целосно закрепнување е долг и морам да продолжам да го носам секој ден како што доаѓа“.


Кејт во јануари била примена во болница поради операција на абдоменот, а во март објави дека има рак

Да потсетиме, принцезата од Велс првпат била примена во болница во јануари годинава поради, како што беше наведено тогаш, абдоминална операција. Подоцна, лекарите откриле дека всушност се работи за рак, а Кејт почнала да се лекува на крајот на февруари.


Еден месец подоцна, по бројните шпекулации за нејзиното здравје, британската принцеза ѝ се обрати на загрижената јавност преку видеопорака и откри дека се соочува со рак и дека е на превентивно лекување.

Првото јавно појавување во јуни на официјалниот роденден на кралот Чарлс




Кејт Мидлтон оттогаш не е видена во јавноста, а нејзиното прво појавување се случи на 15 јуни годинава на официјалната прослава на роденденот на кралот Чарлс III на познатиот настан „Trooping the Colour во Лондон.

Пред тоа, принцезата од Велс последен пат присуствувала на јавен настан во декември 2023 година, кога се појавила на Божиќната прошетка во Сандрингам со своето семејство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг