Украинската војска објави снимка од беспилотно летало за која тврди дека покажува директен удар на клучниот мост во рускиот регион Курск.
Нападот бил изведен од тешко оружје кое користело касетна муниција, а украинските медиуми јавуваат дека најверојатно се работи за ХИМАРС, моќен американски повеќецевни ракетен фрлач.
Како што пренесува Киев пост, во ударот целосно бил уништен клучниот патнички мост преку реката Сејм, поради што руските сили во тој дел од областа Курск најверојатно останале без последниот пат до безбедна територија и најверојатно биле заробени.
Нападот на дневна светлина што ја погоди армирано-бетонската конструкција беше фатен со беспилотни летала управувани од украинската тактичка единица за беспилотни летала Хорн Груп, која неодамна објави снимка од нападот.
The Ukrainian Air Force decided to follow up the Ukrainian Army’s HIMARS strike on the Russian mobile bridging unit over the damaged Seym River Bridge at Karyzh, Kursk Oblast.
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) September 9, 2024
Seen here, a US-supplied Ukrainian JDAM-ER glide bomb slams into the Russian bridge. pic.twitter.com/dXws4rA57o
На снимката се гледа како три експлозии последователно прецизно го погодуваат веќе оштетениот централен дел на мостот. Првите две боеви глави расфрлаа касетна муниција која детонираше на мостот и во водата, а третиот удар предизвика нова експлозија.
A trio of Ukrainian HIMARS-launched GMLRS rockets slam into a Russian mobile bridging unit over the damaged Seym River Bridge at Karyzh, Kursk Oblast.
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) September 8, 2024
Ukrainian forces continue to destroy bridges connecting Russian forces south of the Seym. pic.twitter.com/yqyFUxjGqn
После тоа, украинските воздухопловни сили го таргетираа мостот со американски крстосувачки бомби JDAM-ER.
Погодениот мост се наоѓа во близина на селото Кариж и по ударот повеќе не е употреблив за сообраќај.