Автомобилот има и нова, ексклузивна надворешна нијанса на боја.
"Škoda" открива нови детали за целосно новиот електричен "SUV" модел "Elroq". Тоа е, исто така, првиот производствен модел кој го усвоил дизајнерскиот јазик "Modern Solid".
Првите скици од надворешноста на Elroq даваат увид во дизајнот на новиот автомобил на чешката марка, вклучувајќи нов преден дел со натпис на "Škoda", таканареченото "Tech-Deck" „лице“ на возилото и "Matrix-LED" фарови интегрирани во предниот браник со агресивен изглед.
Останатите визуелни елементи вклучуваат уникатни црни хромирани детали и нова, ексклузивна за "Elroq", "Thyme Green" боја.
Задниот дел на "Elroq" има истакнат спојлер на покривот и тенки "LED" стоп светла.
Дополнителните визуелни истакнати детали вклучуваат уникатни темни хромирани акценти, како што се централно поставените букви од името на брендот на задната врата и "2D" логото на "Škoda" кое ги краси централните капаци на алуминиумските тркала.