[ВИДЕО] Девојка заработува огромна сума на пари продавајќи смрдливи чорапи: Ги соблекува, ги мириса и ги става во кеса, а парите само пристигнуваат на нејзината сметка

Точка

09/09/2024

15:01

3.608

Големина на фонт

а а а

Чејен Харис развила вистински бизнис на „ТикТок“ каде што продава користени чорапи и вели дека заработува 8.000 долари на месечно ниво. Оваа девојка се снима себеси како ги мириса своите чорапи, а потоа ги покажува стапалата и открива колку испотени можат да бидат.


Бизарниот фетиш на нејзините околу 56.000 следбеници, ги купуваат нејзините користени чорапи и на тој начин и овозможуваат на Харис да заработува пари.

„Секој муштерија е поразличен, во зависност од тоа што чувствува и сака. Некои луѓе сакаат да ги шмукаат, некои луѓе јадат со нив, некои луѓе го јадат исечениот нокот од нозете“, вели Харис.

Според нејзините зборови таа заработува од 1.000 до 2.000 долари месечно, а еднаш успеала да стаса и до сумата од 8.000 долари.

Таа развила бизнис


Покрај тоа што им покажува на гледачите што прави со чорапите, Чејен исто така се обидува да им помогне на луѓето коишто сакаат да започнат сличен бизнис нудејќи им совети. Објавувајќи редовно на својот „ТикТок“ профил таа успеала да собере преку 56.000 следбеници и 797.000 лајкови.

„Моите приходи се променливи од моментот кога прв пат почнав да го правам ова па сè до сега. Многу варираа, растеа па паѓаа, но во просек мојот највисок месечен приход се движи од 1.000 до 2.000 долари“, раскажува Чејен.


„Некои луѓе едноставно сакаат да ги имаат, да ги мириснат и да ги видат“, додава Чејен.

Таа предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи

„Ги сакам женските стапала, нема да лажам околу ова, бидејќи сметам дека оваа објава е сигурен простор“, беше еден од коментарите.

„Не би ги јадел ноктите од нозете бидејќи мислам дека тоа е премногу, но ги почитувам другите“, напиша друг корисник на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг