Арина Сабаленка веќе некое време важи за најдобра светска тенисерка на тврда подлога, статус кој конечно го оправда и на тенискиот грен слем во Њујорк.
Белорусинката доживеа болен пораз од Коко Гоф пред точно една година и тогаш мораше да се задоволи со утешниот пехар, но овојпат најде решение за уште една домашна тенисерка, во случајот Џесика Пегула.
Големото финале на „Артур Еш“ понуди многу осцилации во играта на двете тенисерки и гејмовите се освојуваа во серии, а во таква ситуација подобро се снајде Сабаленка која беше најдобра кога беше најпотребно.
From @BillieJeanKing to @SabalenkaA...
— US Open Tennis (@usopen) September 7, 2024
The US Open crowns a new champion 🏆 pic.twitter.com/pOjHGhPWdo
Пегула прва направи брејк во финалето, но потоа дозволи четири гејма во низа на Белорусинката, па иако во прв момент се чинеше дека тоа е доволно за првиот сет, сепак не беше така. Домашната тенисерка се врати и со три гејма во серија израмни на 5:5, но кога дојде моментот да се крши сетот, Сабаленка направи нов брејк и славеше со 7:5.
Вториот сет продолжи фуриозно и Сабаленка со двата последни гејма од првиот нанижа пет во низа, но водството од 3:0 сепак не беше дефинитивно за да се извојува победа. Пегула се врати и поведе со неверојатни 5:3, тогаш се доби впечаток дека финалето оди во трет сет, но сепак така не мислеше и Сабаленка која со последна серија до четири гејма го освои Ју-Ес Опен за првпат во кариерата.
Во досегашната кариера, Сабаленка двапати триумфираше во Австралија, што само потврдува дека игра најдобро на тврда подлога.