Лејди Гага доаѓа во продолжението на приказната за Џокер. Поп-ѕвездата, повремено и актерка, деновиве на познатата „Мостра“ му прави друштво на партнерот од филмот, Хоакин Феникс, но тоа не е единствената причина поради која е во центарот на вниманието.
Лејди Гага неодамна се вери, а тоа се дознало додека била во Париз. Неа всушност ја „разоткрил“ премиерот на Франција, Габриел Атал, кој споделил извесно видео на „ТикТок“.
Во видеото, под кое ѝ се заблагодарува на музичката ѕвезда што го направи прекрасно отворањето на Олимписките игри, може да се слушне како таа за 46-годишниот бизнисмен Мајкл Полански говори како за нејзин вереник.
Таа веќе подолго време се забавува со успешниот претприемач кој е осум години постар од неа. Една од првите заеднички фотографии ги објавила во јануари 2021 година, во екот на пандемијата на корона вирусот, кога се обиделе да се бакнат преку заштитни маски.
Свршувачката „паднала“ во април оваа година, открила Лејди Гага за септемврискиот „Vogue“.
Тие се запознале пред Новата 2019 година, а во почетокот не сакале да ја разоткријат нивната романса, која започнала неколку месеци подоцна. Како што раскажала, нејзината мајка Синтија била таа која прва го запознала бизнисменот чија област е технологијата и помислила како тој ќе биде совршен сопруг за нејзината ќерка.
„Штотуку го запознав твојот иден сопруг!“ ѝ рекла таа сета насмеана.
Меѓутоа, Гага, чие вистинско име е Стефани Џерманота, не била подготвена за тоа. Имала безброј обврски, била фокусирана на кариерата. Сепак, таа се согласила да се запознае со Мајкл.
За време на нивната прва средба тие разговарале три часа, по што разговарале и на телефон. На крајот тие излегувале и се заљубиле еден во друг.
Пламенот на љубовта се разгорел заедно со ковидот кој на почетокот од 2020 година го запре светот. „Локдаунот“ го поминале во нејзината куќа во Малибу, а долгата пауза добро и дошла на пејачката да се одмори од настапот и да се фокусира на поважни работи во животот.
И сè било добро до 2023 година, кога одлучиле да се разделат бидејќи имале различни погледи за иднината: таа сакала семејство и деца, барем три како што своевремено изјавила, додека тој не бил подготвен за таков чекор.
Тие се договориле да останат блиски пријатели. Но, Лејди Гага очигледно ја пронашла својата сродна душа. Веќе во август истата година, таа повторно почнала да излегува со Мајкл.
„Сакам семејство. Сакам семеен живот“, вели поп дивата, а пријателите додаваат дека својата иднина дефинитивно ја гледа со Полански.
Таа веќе има два неуспешни веридби зад себе, со Кристијан Карин и Тејлор Кини. Можеби третата ќе биде среќна?