[ФОТО] Деми Мур и со 61 година изгледа нереално: Ја стави во сенка двојно помладата колешка, двете изгледаа како врснички

Точка

06/09/2024

19:42

3.404

Големина на фонт

а а а

Деми Мур и Маргарет Кволи се појавија во совршено усогласени црно – бели комбинации во текот на промоцијата на филмот „The Substance“, на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто. Овој филм ја имаше својата светска премиера на филмскиот фестивал во Кан, во мај годинава, а критичарите веднаш го пофалија.


Шеесет и едногодишната Деми Мур и дваесет и деветгодишната Маргарет Кволи не ги симнаа насмевките од нивните лица, а никој не можеше да поверува дека помеѓу нив постои толку голема разлика во возраста. Сите комплименти ги собра Деми Мур којашто беше облечена во бела кошула вовлечена во долга црна сукња со висок струк, а посебен детаљ беше црната кравата.

Својот изглед Мур го комплетираше со впечатливи дијамантски обетки и црни салонки и со пуштена долга, црна коса.


Нејзината колешка, Маргарет Кволи, се појави на црвениот килим во црн комбинизон, преку кој имаше облечено кошула којашто наликува на наметка. Таа нејзиниот изглед го комплетираше со црни сандали со отворени прсти, а како аксесоар носеше дијамантски обетки и голема панделка. Иако нејзиниот изглед беше особено впечатлив, целото внимание го украде Деми Мур, за којашто никако не би можело да се каже дека е двојно постара од Кволи, токму напротив сите коментираа дека двете повеќе изгледаат како врснички.


Потсетуваме, Деми Мур веќе неколку години е мета на критики, поради тврдењата дека е голем поддржувач на пластичната хирургија, односно дека се оддалечила од својот природен изглед и дека ја промовира вештачката убавина.


Сепак, може да се каже дека актерката во последно време изгледа доста поприродно, а можат и да се видат брчки на нејзиното лице, што порано беше невозможно да се забележи, па така на многумина им се допаѓа промената којашто Мур ја направила и сега во седмата деценија изгледа како млада девојка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг