На доделувањето на „Еми“ наградите, Хајди Клум се појави во особено провокативно издание и поради што го привлече вниманието на присутните.
Познатата германка, Хајди Клум, доминираше на доделувањето на „Еми“ наградите во Лос Анџелес, благодарение на провокативниот стајлинг и остави „неизбришлива“ трага на црвениот килим.
На едната од најуспешните манекенки и овој пат ѝ успеа да ги привлече погледите на сите, облечена во светлечки, златен, мини фустан со животински принт. Клум ги истакна своите долги и витки нозе, на коишпто можат да ѝ завидат двојно помладите колешки, но не заборави да го покаже и она што најмногу го сака.
Фустанот со исечоци од страните ги откриваше голите гради на Клум, а овој провокативен стајлинг таа го комплетираше со црни, светулкави сандали и писмо – чанта.
Второто издание на познатата манекенка исто така не остана незабележано, меѓутоа овој пат таа се реши за долг, црн фустан со исечоци на „чувствителните“ места, и додека нозете ги „скри“ градите ги истакна, а го смени и накитот, но и фризурата којашто овој пат беше малку поромантична.