[ФОТО] Ким Кардашијан покажа каков договор морал да потпише нејзиниот син (8) за да добие „Јутјуб“ канал

Точка

05/09/2024

21:09

2.868

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан покажа каков договор нејзиниот син Сеинт (8) морал да потпише со неа, за таа да му дозволи да има сопствен јавен „Јутјуб“ канал.

„Јас Сеинт Вест, се согласувам да ги почитувам правилата на мојата мајка за да можам да имам сопствен „Јутјуб“ канал. Не смеам да објавувам никакви приватни информации и податоци за моето семејство. Не смеам да снимам никакви семејни работи. Не ми е дозволено да снимам додека Норх работи на креирањето на својата музика“,пишува во дел од договорот.


Има 10.000 следбеници


Сеинт мора да бара одобрение секогаш кога ќе посака да сподели нешто на својот канал, а мајка му има право да отстрани одредени снимки доколку смета дека е потребно.

„Доколку не ги почитувам сите овие правила, мајка ми може мојот канал да го направи приватен или да го избрише“, пишува на крајот од договорот. Сеинт досега има преку 10.000 следбеници и четири објавени видеа.


Исто така, Ким порано изјави дека би сакала да биде построга со нејзините деца. „Сакам да бидам построга, како што е Клои, не знам зошто тоа не ми успева“, призна ким во ријалити шоуто за семејството Кардашијан. Инаку Ким со бившиот партнер Канје Вест има четири деца, а изгледа дека Ким има најмногу проблеми со најстарата ќерка Норх, за којашто еднаш изјави дека е „нејзината лекција на овој свет“.