Драма на летот за Грција: Пијан маж се обидел да ја преземе контролата над авион, патниците се бореле со него за да го совладаат

Макфакс

05/09/2024

08:30

3.510

Големина на фонт

а а а

Патник во алкохолизирана состојба се обидел да упадне во пилотската кабина на авионот на компанијата „Изи џет“ на височина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот бил „неук“ и дека може подобро да пилотира, но екипажот и патниците успеале да го совладаат.

Авионот, кој полетал од лондонскиот аеродром Гетвик кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен, а инцидентот се случил во вторникот вечерта.

Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, а потоа добиле аплауз од преплашените патници, пишува весникот Сан.