[ФОТО] Лејди Гага направи цела Венеција да блеска од нејзиниот веренички прстен: Пејачката блеска, а поради ова постојат сомнежи дека е бремена

Точка

04/09/2024

19:32

2.327

Големина на фонт

а а а

Пејачката и актерка Лејди Гага, пристигна на Филмскиот фестивал во Венеција заедно со нејзиниот вереник Мајкл Полански, а најголемо внимание привлече нејзиниот прстен којшто го носеше на левата рака, пишува „Page Six“. Парот пристигна во Венеција поради премиерата на филмот „Joker: Folie a Deux“.


За првото појавување на Филмскиот фестивал во Венеција, Лејди Гага облече краток црн фустан со бели точки, под којшто носеше сјајни црни хулахопки и штикли. Очите ги скри под големите црни очила за сонце, но и покрај тоа очигледно беше дека блеска, а насмевката не ја снемуваше од нејзиното лице. Нејзиниот вереник Полански, исто така носеше црна комбинација но не толку елегантна.


За денешната конференција, по повод премиерата на филмот „Joker: Folie a Deux“, Гага носеше романтичен црн плисиран фустан, којшто се шири од струкот надолу. Таа исто така носеше елегантна црна беретка со црна мрежа, којашто на целиот нејзин изглед му даваше здив на некогашниот холивудски гламур. Лејди Гага својот „аутфит“ го надополни со црни чевли и очила за сонце.


Како што е веќе познато, Гага својата веридба ја откри на Олимписки игри во Париз, кога нејзиниот партнер Полански, го нарече вереник додека го претставуваше на францускиот премиер Габриел Атал. Тогаш извор близок до парот, откри дека тие биле верени веќе неколку месеци, а наводно веридбата се случила уште пред триесет и осмиот роденден на Гага.


Набргу потоа се појавија шпекулации дека пејачката е бремена, коишто таа не ги потврди, меѓутоа во неколку наврати стомакот на Гага се наѕираше и изгледаше поголем. Гага на фестивалот во Венеција носеше креации коишто беа пошироки во пределот на стомакот, така што беше невозможно да се процени дали шпекулациите околу нејзината бременост се точни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг