Филмскиот фестивал во Венеција веќе е во полн ек, а бројни ѕвезди од шоу-бизнисот изминатите неколку дена прошетаа на црвениот тепих.
Имавме прилика да видиме некои од најгламурозните изданија, но се чини дека најголемо внимание привлекоа шармантните актери Џорџ Клуни и Бред Пит. Сепак, една шармантна Италијанка се заканува да ја замати нивната слава со нејзината појава.
Имено, станува збор за убавата Италијанка Свева Алвити. Таа е актерка и поранешен модел. На овогодинешниот филмски фестивал таа се појави во впечатлив зелен фустан со крој на пеперутка. Нијанси од бело до тревно зелено се прекршуваат над мекиот материјал.
Со оглед на тоа што фустанот е проѕирен, таа носеше тесна бела долна облека одоздола додека целосно и се гледаа градите. Италијанката танцуваше на црвениот тепих без да ја тргне насмевката од лицето, а нејзината енергија никому не изостана.
Не е ни чудо што се вели дека Италијанките се фатални, а доказ за тоа е и оваа прекрасна актерка.