Анита Алоска назначена за в.д. директорка на Охридско лето

Макфакс

04/09/2024

12:05

533

Големина на фонт

а а а

Анита Алоска е новата в.д. директорка на Националната установа „Охридско лето“.

Со решение на Министертвото за култура и туризам, Алоска е назначена на раководната функција по неотповикливата оставка на досегашната директорка, Наташа Поповиќ, која изминативе шест години беше на чело на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација во државата.

Алоска е од редот на вработените а во институцијата работи од 2007 година. Таа и во 2012 година ја извршуваше функцијата в.д директорка на НУ „Охридско лето.