Вооружен маж упаднал во болница во Загреб, лекарите и пациентите се заклучиле во собите

Макфакс

03/09/2024

12:35

2.698

Големина на фонт

а а а

Маж со пиштол упаднал во просториите на болница во Загреб, пренесуваат медиумите во регионот.

„Јутарњи лист“ јавува дека полицијата и интервентните единици се во процес на преговори со мажот.

Се уште не е утврдено дали мажот има вистинско оружје.

Очевидци раскажуваат дека се околу болницата е полно со полиција.

Според „Јутарњи“, лекарите и другиот персонал се заклучиле во канцелариите со пациентите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг