[ВИДЕО] Појадок од тава кој е готов за само 5 минути - се подготвува брзо и едноставно, а состојките веќе ги имате во фрижидер

Точка

02/09/2024

16:23

11.610

Големина на фонт

а а а

Доколку барате вкусен, хранлив појадок кој ќе ве засити и е готов за само неколку минути, овој рецепт е совршен избор за вас.

На база на јајца, овој брз оброк од тава ќе ве воодушеви со својот богат вкус и едноставната подготовка.

Главната состојка, моцарелата, се топи во устата и секој залак го прави вистинско задоволство.

Потребни состојки:

- 4 јајца
- прстофат сол и прстофат црн бибер
- млад кромид
- 2 тортиљи
- моцарела кашкавал
- спанаќ
- домат
- кашкавал
- несолен путер

Подготовка:

Во сад изматете две јајца со прстофат сол и црн бибер. Потоа додајте го ситно сечканиот млад кромид, па загрејте малку несолен путер во тава и истурете ги вака подготвените јајца.

Одозгора поклопете ги со една тортиља и по околу една минута превртете ги на другата страна. Сега од другата страна каде што е испржениот омлет додадете рендана моцарела, листови беби спанаќ, 3 кришки домат и 2 кришки кашкавал.

Преклопете ја тортиљата и пржете додека не порумени.

Љубителите на месо можат да го повторат истиот процес и меѓу состојките да додадат ситно сечкана сланина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг